Њукасл планира да понуди трансфер од 40 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галахер. Тимот од „Сент Џејмс парк“ ќе учествува во Лигата на шампионите и сака да создаде респектабилен тим кој ќе им овозможи да се борат на повеќе фронтови и да избегнат повторување на неуспехот од пред две години, кога учеството во елитното европско натпреварување негативно се одрази на нивниот настап во домашното првенство и завршија на седмото место.
Конор Галахер е дел од Атлетико веќе една година и во минатата сезона забележа четири гола и шест асистенции во 50 натпревари за клубот.
Тој пристигна на „Сивитас Метрополитано“ за сума од 42 милиони евра од Челзи, но во Атлетико најверојатно би ја разгледале понудата доколку е финансиски прифатлива.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, смета дека искуството на Конор Галахер би било добредојдено за неговиот тим.