31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Њукасл купи поранешен фудбалер на Јунајтед за 60 милиони евра

Шведскиот репрезентативец со камерунски корени, Ентони Еланга, е нов фудбалер на Њукасл, откако „страчките“ го купија за сума од 61,4 милиони евра од Нотингем форест.

23-годишниот Еланга одигра одлична сезона во дресот на „шумарите“ што беше препорака за голем трансфер на поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да го придобијат младиот Еланга уште во 2014 година, кога се пресели од Малме во Манчестер јунајтед, а пред две години го продадоа на Нотингем форест за само 16 милиони евра. „Шумарите“ само две години подоцна го продадоа за нешто повеќе од 45 милиони евра поскапо од тоа што го купија.

- Оглас -

Најнови вести