Њукасл не го менува мозаикот, а играта на бројки кај „црно-белите“ создава чудесна симетрија. Њукасл од сезоната 2017/18 и од оваа има еднаков број одиграни натпревари, победи, нерешени и порази со иста гол-разлика и ист број на бодови.
Ова е податок за Гинисовата книга на рекорди и веројатно светски уникат. За појаснување и лани и оваа сезона по 35 одиграни натпревари Њукасл има 41 бод со гол-разлика што е идентична и изнесува 35 дадени и 44 примени погодоци, а ист им е и билансот на победи, точно 11, нерешени 8 и порази 16.
Неверојатно поклопување на бројките без никакво отстапување на четата што ја предводи Рафа Бенитес.