Њукасл не се шегува, лесно го реши Лестер и сега е втор на табелата во Премиер лигата

Возбудувањата во Премиер лигата по паузата поради Светското првенство денеска продолжија со популарниот Боксинг деј, а најубедливи беа фудбалерите на Њукасл, кои славеа на гостувањето кај Лестер и избија на второто место на табелата со 33 бода, четири помалку од лидерот Арсенал.

Чавките со 0:3 го совладаа Лестер, а сите дилеми ги решија во првото полувреме. Победата ја најави Крис Вуд уште во третата минута со голот од пенал, а само четири минути подоцна, Мигел Алмирон го постигна деветтиот гол сезонава за 0:2. Конечниот резултат го постави Жоелинтон во 32-рата минута.

Во малото лондонско дерби, Фулам како гостин славеше со 0:3 против Кристал палас.
Боби Рид во 31-вата минута го отворија резултатот, а работата на гостите им ја олеснија Мичел и Томкинс, кои заработија црвени картони. Со двајца играчи повеќе, Фулам до крајот на натпреварот даде уште два гола преку Рим во 71-вата и Митровиќ во 80-тата минута.

Гостински триумф оствари и Брајтон, и тоа од 1:3 против Саутхемптон. Лалана погоди во 14-тата минута, а Перо во 35-тата ја погоди сопствената мрежа за 0:2. На стартот од вториот дел, Марч му носи предност од 0:3 на Брајтон, а Саутхемптон до крајот само успеа да го ублажи поразот преку Ворд-Праус.

Вулверхемптон благодарение на голот на Нури во 95-тата минута славеше на гостувањето кај Евертон со 1:2.

- Оглас -

Најнови вести