ПСЖ веќе 135 минути не може да даде гол против Борусија Дортмунд, останува уште едно полувреме надеж за Светците

Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд играат без голови во реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампиони. На стадионот „Паркот на принцовите“, домаќините се тие кои се под притисок дека треба да постигнат гол, но тоа засега не им оди како што тие посакуваат.

ПСЖ има поголем посед на топка, упатија повеќе удари изведоа повеќе корнери, но не постигнаа ниту еден гол. Ако се знае дека Борусија по првата средба во Дортмунд стигна до водство од 1:0, јасно е дека ПСЖ повеќе од 135 минути едноставно не може да го урне „жолтиот ѕид“ на противникот.

Иако ПСЖ повеќе напаѓање, најдобрата шанса досега ја имаа гостите кога Адејеми шутираше, а Донарума едвај спаси да нема гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести