Њукасл нема да штеди пари за украинското „чудо од дете“

Михајло Мудрик во наредните трансфер-периоди ќе биде една од најголемите ѕвезди. Суперталентираниот играч на Шахтар кој игра на крилната позиција, сега веќе го привлекува вниманието на богатите клубови од најсилните лиги.

Меѓу нив е и најбогатиот, а тоа е екипата на Њукасл, којашто со сопствениците од Саудиска Арабија нема да штеди пари за да го обезбеди потписот на 21-годишниот фудбалер, којшто има блескави настапи во Лигата на шампионите за украинскиот тим.

Покрај Њукасл, интерес за ангажман пројавија и Арсенал и Ливерпул, па останува да се види каде ќе замине украинското чудо од дете.

- Оглас -

Најнови вести