Досегашниот фудбалер на Шефилд јунајтед, Вилијам Осула, во новата сезона ќе го носи дресот на Њукасл. Според англиските медиуми, Њукасл ќе плати 15 милиони фунти за услугите на младиот 21-годишен дански напаѓач.
Интересно е дека Осула во минатата сезона одигра 21 натпревар во Премиер лигата за клубот од Шефилд и постигна само три гола. На крајот Шефилд не успеа да обезбеди опстанок и испадна од Премиер лигата, а Осула нема да игра второлигашки фудбал затоа што ќе го носи дресот на Њукасл во иднина.
„Среќен сум што добив шанса да играм за Њукасл. Тоа е голем клуб и ова е шанса за мене да се докажам и мора да ја искористам“, вели Осула.
Тренерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека Осула има голем потенцијал и шанса да стане голем напаѓач. Осула е шести играч кој летово доаѓа во Њукасл.