Њукасл ја подобрил својата понуда за Бењамин Шешко. Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб понудил најмалку 80 милиони евра за напаѓачот на РБ Лајпциг. Сè уште не е познато дали германскиот клуб ќе ги прифати овие услови.
Интерес за словенечкиот напаѓач покажува и Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи сè уште немаат поднесено официјална понуда. Таква ќе биде испратена само доколку играчот изрази желба да се пресели на „Олд Трафорд“.
Челниците на Њукасл понудиле фиксна сума од 80 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони евра во форма на бонуси. Претходно, Лајпциг ја одби нивната понуда од 75 + 5 милиони евра.
Минатата сезона во Бундеслигата, Бењамин Шешко одигра 33 натпревари и постигна 13 голови.