Кристал палас и Евертон ремизираа без голови во првото коло од Премиер лигата, на мечот кој се одигра на „Селхарст парк“. Ова беше единствената средба од вкупно четири кои почнаа во 16 часот, а не се постигна ниту еден гол.
Двете екипи имаа по неколку прилики, а домаќините не ја искористија ситуацијата да дојдат до три бода откако Карамелите останаа со играч помалку во последните петнаесетина минути. Шнајдерлин за 20 минути заработи два жолти картони и пред време замина во соблекувалната, но неговото отсуство не му направи проблеми на тимот кој го води Марко Силва.
Брајтон го шокираше Ватфорд со триумфот од 3-0 на гостински терен. Првото изненадување во новата сезона го режираа Галебите на „Викарејџ роуд“, а во главни улоги беа Андоне и Маупај. Докуре во првиот дел ја затресе мрежата на својот тим, а потоа Стршлените капитулираа пред својата публика.
Со идентични 3-0 славеше и Барнли против Саутхемптон, благодарение на двата гола на Барнс и еден на Гудмунсон. Борнмут ремизираше со конечни 1-1 против новајлиите Шефилд јунајтед.