„Нула“ за Валенсија против Леганес, Столе Димитриевски повторно на клупата

Леганес и Валенсија одиграа токму таков натпревар каков што и се најавуваше за две екипи кои се меѓу најслабите според ефикасноста во Ла Лига на почетокот на оваа сезона. Мечот заврши без голови, а и двата тима и понатаму ќе останат во опасната зона на табелата.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и на овој натпревар остана на клупата за резерви, а предност доби Грузиецот Ѓиорги Мамардашвили.

Двете шанси за погодок се случија при крајот на дуелот. Валентин Росие во 75-та минута за малку не донесе предност за Леганес, а Дани Гомез во 87-та минута можеше да погоди за три бода за Валенсија. Сепак, на крајот, без голови и по еден бод за двата тима.

- Оглас -

Најнови вести