3.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Нуно Еспирито Санто пред отказ во Вест хем

Поранешниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА, тимот на Вест хем, е на прагот по вторпат оваа есен да направи промена на менаџерската позиција. Нуно Еспирито Санто беше донесен со цел да го стабилизира тимот по лошиот старт на сезоната, но очекуваниот позитивен пресврт не се случи.

Чеканите моментно се наоѓаат во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на португалскиот стратег запишаа само две победи на 13 одиграни натпревари. Токму поради тоа, раководството сериозно размислува за разделба со Нуно Еспирито Санто, иако засега не се споменува конкретно име како негов можен наследник.

Поранешниот менаџер на Нотингам форест го замени Греам Потер, но мисијата за подем на тимот не беше успешна. Вест хем се наоѓа на 18-тата позиција во Премиер лигата со скромни 13 освоени бода, што дополнително го зголемува притисокот врз клубот и стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести