Нурмагомедов упати жестока порака до Мекгрегор!

Непобедливиот Хабиб Нурмагомедов кој неодамна ја заврши УФЦ кариерата не можеше, а да не го искоментира поразот на Конор Мекгрегор. Нурмагомедов е еден од тројцата борци кои успеале да го нокаутираат и победат Ирецот, а по поразот на Конор од Дастин Појре, Дагестанецот се огласи на социјалните мрежи.

Според Хабиб, најголема грешка на Мекгрегор е тоа што ги сменил луѓето во неговиот тим.

„Ете што се случува кога ќе ги смениш луѓето во твојот тим, кога че ги смениш спаринг партнерите што те направиле да бидеш шампион, а сега спарингуваш со мали деца и си далеку од реалноста“, напиша Хабиб Нурмагомедов по денешниот пораз на Конор. Дагестанецот пред мечот типуваше дека Појре ќе победи, иако коефициентите во обложувалниците го правеа Конор голем фаворит.

Ирецот издржа само до втората рунда против Појре, кога Американецот со серија жестоки удари го нокаутираше фаворизираниот Мекгрегор.

- Оглас -

Најнови вести