23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Нуров предизвика еуфорија кај нашата делегација, од МОК очекуваат тој да освои медал на ЛОИ во 2024

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров триумфира на Медитеранските игри во Оран, Алжир, и ни донесе златен медал, што предизвика голема радост кај љубителите на спортот и особено кај македонската делегација, која гo бодреше од трибините.

Нуров во финалето го победи најдобриот турски борач Фејзула Актурк со 4-3 и го одбрани златниот медал од Медитеранските игри 2018 во Тарагона.

Во Оран се и дел од челниците на Македонскиот oлимписки комитет. Од МОК веруваат дека нивниот стипендист Нуров, кој освои бронзен медал на Светското првенство во 2019 година, во моментов е еден од тројцата најдобри борачи во светот во својата категорија и со сигурност ќе атакува на медал на Олимписките игри во Париз 2024 година.
- Оглас -

Најнови вести