Луд финиш: Со зафат на ПЕТ секунди до крајот, Нуров донесе злато за Македонија (Видео)

Магомегаџи Нуров освои златен медал за Македонија на Медитеранските игри во Алжир. Нуров во финалето на неверојатен начин стигна до златото. На 15 секунди до крајот, турскиот борач Фејзулах Актур водеше со 3:2, но Нуров не само што не се предаде, туку со одличен зафат, на пет секунди до крајот освои два бода и на крајот стигна до победа од 4:3.

Претходно денеска, Владимир Егоров го донесе првиот медал за Македонија на Медитеранските игри откако во борба за бронзениот медал, македонскиот борач со 7:2 на поени го победи африкански шампион Абделхак Хербаче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести