О’Нил и Баркли застанаа во одбрана на Јокиќ: Кога ќе ме удри некој, нека не го врти грбот одма (Видео)

Легендарните НБА-играчи Шекил О’Нил и Чарлс Баркли сметаат дека Никола Јокиќ не е виновникот за инцидентот што се случи во којшто најмногу настрада Маркиф Морис. Играчот на Мајами направи тежок фаул врз Јокиќ, а Србинот веднаш му возврати со удирање, по што Морис се најде „патосиран“.

За овој инцидент Јокиќ е казнет со еден меч суспензија, додека Морис треба да плати 50.000 долари. Целата таа ситуација на теренот во Денвер предизвика многу внимание и дискусии, а легендарните О’Нил и Баркли застанаа во одбрана на Џокерот.

„Ми се допадна тоа што го направи Јокиќ. Тоа се вика одмазда. Кога ќе ме удриш мене, немој да ми го вртиш грбот. Ќе добиеш удар или од напреди или од позади. Немам проблем со тоа што го направи Јокиќ. Прво доби груб удар и потоа што треба да направи? Како ‘голем’, одиш и му враќаш. Повторувам, ако сум јас, немој да ми го вртиш грбот кога веќе си ме удрил“, рече О’Нил.

Слично беше размислувањето и на Баркли.

„Прво да разјасниме. Морис прв започна, а Јокиќ потоа само му врати. Сите велат дека Јокиќ го удрил противникот од зад грб, но јас сум на страната на Шекил. Ако ме удриш, немој да ми го вртиш грбот затоа што да знаеш дека ќе дојдам по тебе. Едноставно е, не можеш некого да удриш и да му го свртиш грбот“, е заклучокот на Баркли.

Овие изјави на легендарните НБА-играчи јасно покажуваат дека „не држи“ изјавата на Морис, кој се бранеше дека тој никогаш не би удрил некој ако е свртен со грб.

- Оглас -

Најнови вести