Обамејанг мора да најде нов начин на прослава на головите

Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓачот на Арсенал, во иднина нема да ги прославува постигнатите голови со ставање маска врз лицето. Синоќа по погодокот за 3-0 во дуелот со Рен од Лигата на Европа, Габонецот врз лицето стави маска од Црниот пантер, за што доби жолт картон.

Многу навивачи на Арсенал се чудеа зошто Обамејанг „пожолте“, но правилата на ФИФА јасно забрануваат вакво славење и затоа фудбалерот доби јавна опомена. Ставањето маска при прослава се смета за неспортско однесување и затоа Обамејанг во иднина мора да биде повнимателен.

„Ако играч со маска или слични работи го покрие лицето при прослава на гол, тоа се смета како претерано славење, неспортско однесување и се санкционира со жолт картон“, стои во правилата на Светската фудбалска федерација.

Жолт картон најчесто се доделува кога некој играч ќе го соблече дресот или ќе го стави преку глава без целосно да го соблече, но сега научија дека не смеат ниту да ставаат маски. Се казнува и качување на оградата која ги одделува трибините од теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести