Обамејанг не знае да не даде гол против Ајнтрахт, но овојпат џабе

Вечерашните натпревари од Лига Европа донесоа возбуда и неколку интересни резултати, а во центарот на вниманието беше лондонската пресметка на Арсенал и Ајнтрахт. Пресврти и победи после негатива на полувреме направија Ајнтрахт и Малме.

Пјер Емерик Обамејанг го постигна својот десетти гол во кариерата против Ајнтрахт и тоа му е рекорд, на ниту еден друг клуб му нема дадено двоцифрен број голови. Сепак, ова беше попусто, бидејќи Арсенал загуби. За Арсенал, ова е седми домашен пораз против германски клубови.

Двата гола за Ајнтрахт беа дело на Даичи Камада. Јапонецот досега на 27 средби имаше дадено само еден гол за тимот од Франкфурт, а вечерва на „Емирејтс“ погоди двапати и ова му е меч на кариерата.

Пласман во следната фаза на ЛЕ обезбедија Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски (вечерва не беше во состав) и Селтик. Дуелот во Гимараеш заврши најдоцна, затоа што имаше прекин кој го предизикаа фановите на Стандард со палење на факели и чадни бомби.

РЕЗУЛТАТИ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 21 ЧАСОТ: Арсенал – Ајнтрахт 1-2, Селтик – Рен 3-1, Дуделанж – АПОЕЛ 0-2, Гимараеш – Стандард Лиеж 1-1, Лацио – Клуж 1-0, Лугано – Копенхаген 0-1, Малме – Динамо Киев 4-3, Розенборг – ЛАСК Линц 1-2, Севилја – Карабах 2-0, Спортинг – ПСВ 4-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести