Во Молдавија ставен крај на доминацијата на Шериф, во Украина „газда“ останува Шахтар

Екипата на Петрокуб направи историски успех и за прв пат е шампион на Молдавија. Петрокуб  одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Милсами, но и тоа беше доволно на едно коло до крајот да има недостижна предност за Шериф Тираспол кој загуби на гости кај Зимбру Кишинев.

Со овој успех на Петрокуб, заврши една доминација на Шериф кој имаше осум титули по ред. За тоа каква доминација има Шериф во Молдавија и колку е тешко да се симне од тронот покажува и фактот дека во последните 24 сезони, Шериф има 21 титула.

Ако во Молдавија има нов првак, тогаш во Украина нема промена. Шахтар Донецк ја потврди доминацијата и стигна до 15 титула во првенството. Во директен дуел, Шахтар со 1:0 го победи Динамо Киев и на две кола до крајот има седум бодови повеќе од најголемиот ривал.

За Шахтар ова е шеста титула во последните осум сезони, а со вкупно 15 пехари сега е само на еден чекор од рекордот на Динамо Киев кој има 16 титули за првак на Украина.

- Оглас -

Најнови вести