Искусниот габонски напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг, после само една сезона во Саудиска Арабија, се враќа во Европа.
Обамејанг го раскина договорот со Ал-Кадсија, имаше понуда од Ал-Етифак да остане во саудиската лига, но тој реши да се врати во Олимпик Марсеј, клубот за кој настапуваше во сезоната 2023/2024, пред да прејде во Ал-Кадсија. Во претстојната сеона Марсеј ќе биде дел од Лигата на шампионите и тоа го привлече Габонецот роден во Франција.
Обамејанг кој има 36 години, ќе се обврзе на двегодишен договор со Марсеј. Додека играше за овој некогашен европски првак, Оба даде 30 гола во 51 настап, а со 10 гола беше најдобар стрелец во Лига Европа.