Обамејанг се зафати со спортскиот директор на Дортмунд: Кловну, слушај ваму…

Се вжештува судирот меѓу спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке и поранешниот играч на Милионерите, кој сега е ѕвезда на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг. Оперативецот на германскиот вицепрак вчера за германските медиуми упати остри критики кон Габонецот, на што Обамејнаг му одговори преку социјалните мрежи, и тоа без влакна на јазикот.

„Многу играчи во денешно време прават трансфери во клубови кои не играат во Лигата на шампионите, а располагаат со големи средства и можат да понудат големи плати. Таков е случајот со Обамејанг. Тој игра за Арсенал и можам да кажам дека се радува само кога ќе му легнат на сметка парите, а знам дека е тажен кога секои вторник и среда гледа ЛШ само на ТВ-пренос“, истакна вчера Вацке.

Преку својот профил на „Твитер“, Обамејанг му врати: „Подобро ти е никогаш да не проговориш зошто навистина го напуштив Дортмунд г-дине Вацке. Ти си еден кловн. Паметам дека ми рече дека никогаш нема да го продадеме Усман Дембеле, но откако ја виде понудата повисока од 100 милиони евра, ти беше првиот што ја прифати. Те молам немој да зборуваш за пари и оставиме на мира“.

Откако Обамејанг се пресели на „Емирати“, за Арсенал настапи вкупно на 73 меча, на коишто постигна 49 погодоци, а минатата сезона заедно со Мане и Салах од Ливерпул ја подели Златната копачка на Премиер лигата со по 22 гола.

- Оглас -

Најнови вести