Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Франција со 2-1 во полуфиналето и ќе игра во големото финале на Европското првенство во Германија. По последниот свиреж на главниот судија, Шпанците започнаа да го слават успехот, но во тие моменти на теренот се појавија и неколку навивачи кои се обидуваа да направат селфи со фудбалерите.
Тоа беше знак за итна реакција на обезбедувањето, кои во обид да ги спречат навивачите, со лизгачки старт го повредија капитенот на Шпанија, Алваро Мората, кој веднаш направи болна гримаса.
A security guard hustles onto the pitch to corral a pitch invader, only to slip and slidetackle Morata.pic.twitter.com/oakUteNGsq
— Balls.ie (@ballsdotie) July 9, 2024
„Ќе видиме како ќе се чувствува. Се надеваме дека не е ништо сериозно. Почувствувал моментална болка, можеме само да се надеваме дека не е ништо“, рече селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, по натпреварот.
A member of Spain’s security team wipes out Alvaro Morata and he limps off the field 🤕
Imagine if he misses the final because of it.#EURO2024 #OptusSport pic.twitter.com/TUJokWnSDz
— Optus Sport (@OptusSport) July 9, 2024