Објавен датумот за мечот Јувентус – Лион

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Лион, ќе се игра на 7 август во Торино, без присуство на публика на трибините.

УЕФА одлучи завршните рунди од ЛШ да се играат во август, откако претходно сите национални шампионати треба да завршат до крајот на јули. Ола кажа дека мечот со Јуве на кој Лион брани предност од 1-0 од првиот меч, ќе се игра на 7 август.

„Ако не вроди со плод жалбата со која се бара да се игра плејоф во Лига 1, тогаш Лион и ПСЖ ќе бидат масакрирани во ЛШ од екипите кои ќе бидат физички многу поподготвени од нас“ – предупредува Ола.

ПСЖ си ја заврши работата и се пласираше во четвртфиналето, но и за нив одморот може да биде кобен во четвртфиналната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести