Објавен документот поради кој Ѓоковиќ не доби дозвола за влез, познат е и виновникот за целиот хаос

Новак Ѓоковиќ уште еден и пол ден треба да чека за да ја дознае одлуката на неговата жалба околу недобивањето дозвола за влез во Австралија. Најдобриот тенисер во светот е во хотел за мигранти и доколку не добие дозвола за влез во земјата, ќе биде депортиран од Австралија.

Целиот хаос се случил поради огромниот пропуст направен од тенискиот сојуз на Австралија, во креирањето на документите за медицинско изземање.

Во документацијата која на 7 декември била доставена на сите тенисери, пишувало дека секој оној што има прележано Коронавирус во последните шест месеци, односно заклучно со 31 јули 2021 година, може да добие медицинско изземање. Ова се покажало дека е погрешно.

Во ноември, федералната влада на Австралија, ги променила правилата и ја укинала таа можноста за прележаните на Коронавирусот во последните шест месеци. Сепак, тоа не било нагласено во документите кои биле предадени на тенисерите, каде што пишувало дека вакцинацијата за прележаните е само препорака, но не и задолжителна.

Од Тениската федерација на Австралија се обидоа да дадат објаснување кое не беше многу уверливо.

„Секогаш сме биле константни во нашата комуникација со играчите и им потенциравме дека вакцинацијата е најдобар начин. Не само како начин да се заштитат себе си и другите, туку и како начин да влезат во Австралија. Го отфрлуваме тврдењето на група тенисери дека намерно биле измамени. Тенисерите ги информиравме преку порталот Старт травелер, кој ни го препорача министерот за здравје, Грег Хунт. Цел на овој документ е да се објасни како може да се настапи на Австралија опен по законите на државата Викторија, која бара изземањата да бидат во склад со Австралиската теничка советодавна група за имунизација (АТАГИ)“, стои во соопштението.

Според познатиот австралиски адвокат, Џастин Квил, на српскиот тенисер ќе му биде изречено привремено запирање на депортацијата, и тој ќе може да игра на АО, но доколку неговите адвокати докажат дека откажувањето на визата е нелигитимно.

Најлошата варијанта за Ѓоковиќ е да биде депортиран и да добие забрана за влез во Австралија во следните три години.

- Оглас -

Најнови вести