13.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Објавена листа на десет фудбалери со најголема вредност во светот

Ламин Јамал е највредниот фудбалер во светот, според специјализираната веб-страница „Фудбал Бенчмарк“.

Нивните пресметки го проценуваат крилниот напаѓач на Барселона на вредност од 286,8 милиони евра. Ова го става Јамал на прво место, пред Килијан Мбапе кој е втор со 232,2 милиони евра и третиот Ерлинг Халанд (206,3 милиони евра). 

Топ 10 ги комплетираат Џуд Белингам (177,2 милиони евра), Букајо Сака (140,7 милиони евра), Флоријан Вирц (138,4 милиони евра), Педри (138,1 милиони евра), Олисе (133,8 милиони евра), Винисиус Жуниор (133,3 милиони евра) и Џамал ​​Мусијала (123,2 милиони евра). 

- Оглас -

Најнови вести