Објавени казните за Лукаку и Ибрахимовиќ

Не добија црвени картони кога за малку ќе се степаа, но Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ секако се суспендирани со по еден меч за забрана за настап.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, и претходно беше јасно дека нема да играат на наредните мечеви од Купот на Италија. Ибра доби црвен картон во четвртфиналето со Интер и тоа автоматски повлекува суспензија, а Белгиецот поради натрупани жолти картони нема да му помогне на својот тим во полуфиналето против Јувентус.

Лукаку и Ибрахимовиќ за неспортскиот однос на теренот во Милано засега не се парично казнети од своите клубови.

- Оглас -

Најнови вести