Објавени почетните состави на Шахтар – Реал: Бензема стартер, Касемиро на клупа

Реал Мадрид на гостувањето кај Шахтар од 18.55 часот ќе почне со многу офанзивен состав. Зинедин Зидан во нападот тргнува со Бензема, кој немаше играно од поразот со Валенсија поради повреда. Пред повредата, Французинот даваше гол на четири меча по ред.

На голот е Куртоа, во одбраната се Лукас Васкес, Начо, Варан и Менди, во средина го нема Касемиро, кој остана на клупа, туку стартуваат Крос, Модриќ и Одегард, а напаѓачкото трио е Родриго, Асенсио и Бензема.

Реал на стадионот во Киев игра првпат по мај 2018 година, кога го победи Ливерпул во финалето на ЛШ и по 13-ти пат стана европски првак. Мадриѓаните ако победат, сигурно одат во осминафинале, додека пораз може да им го загрози местото и ќе одлучуваат мечевите од последното коло. Шахтар изненади во Мадрид со 3-2, па ќе биде интересно.

- Оглас -

Најнови вести