Португалците Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, заедно со Еланга и Санчо, треба да бидат главната опасност по голот на Атлетико Мадрид.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, во почетниот состав за вечерашниот меч ги стави и Роналдо, кој е стар душман на Атлетико, а и неговиот сонародник Бруно, кој до пред некој ден беше позитивен на корона-вирус.
Атлетико ќе нападне со Жоао Феликс и Гриезман. Првиот меч во Мадрид заврши 1-1 па вечерва на „Олд Трафорд“ треба да се води интересна битка за пласман меѓу осумте најдобри.
Формациски, Манчестер тргнува со 4-2-3-1, додека Атлетико со 3-5-2.