Македонскиот ракометен првак, Вардар 1961 вечерва од 18.45 часот во „Јане Сандански“ го пречекува европскиот вицепрвак Алборг со надеж дека Црвено-црните и во третото коло сезонава ќе останат непоразени. По гостинското реми кај Елверум и триумфот дома над Мешков Брест, Вардар со поддршка од навивачите посакува триумф и над данскиот Алборг.
Објавени се составите за вечерва. Во ростерот на Вардар 1961 се враќа голманот Борко Ристовски, кој не бранеше на првите две средби, а поради повреда нема да настапи Анте Кудуз. Кај Алборг ќе недостига првата ѕвезда Арон Палмарсон.