Лигата што е омилена за обложувачите доживува дебакл за Боксинг деј

Чемпионшип лигата во Англија е една од најиграните во обложувалниците и е многу привлечна за обложувачите, но годинава доживува дебакл за Боксинг деј со дури 7 одложени натпревари.

Последен во низата е дуелот меѓу Лутон и Бристол сити, кој нема да се игра утре на големиот празничен ден во Англија, што е фудбалски спектакл и подарок за навивачите.

Во таборот на Лутон има премногу заразени со Ковид-19 и добија зелено светло мечот да биде одложен.

Тоа е вкупно седмиот одложен меч што требаше да се игра утре, на Боксинг деј во Чемпионшип лигата.

Претходно е објавено дека нема да играат и Барснли против Стоук, Кардиф со Ковентри, Фулам против Бирмингем, Милвол со Свонси, Питерборо со Рединг и Престон против Шефилд јунајтед.

Сега остануваат само четири дуели за 26. декември и сите ќе се играат од 16 часот.

Проблеми имаат и премиерлигашите, па и во најсилната лига во Англија има три одложени натпревари што нема да се играат на Боксинг деј. 

 

- Оглас -

Најнови вести