Боксинг деј го губи сјајот, има уште еден одложен меч во Премиер лигата

Празничниот ден во Велика Британија, што е познат по фудбалскиот спактакл на Боксинг деј, ќе има уште еден меч помалку откако денеска е одлучено да се одложи и дуелот меѓу Барнли и Евертон.

Засега остануваат шест дуели што треба да се играат на 26 декември, а од претходно беа одложени мечевите меѓу Ливерпул и Лидс и Вулверхемптон и Ватфорд.

Причината е големиот број заразени во таборите на Лидс и на Ватфорд, а и жалбата на Рафаел Бенитес и на Евертон вроди со плод, па ФА им го одложи дуелот со Барнли.

Бенитес објави дека Евертон има само деветмина играчи и тројца голмани, а дури 11-мина отсутни фудбалери, дел од нив повредени, дел со позитивни тестови на ковид-19.

Боксинг деј е најспектакуларниот ден за фудбалот во Велика Британија, но годинава веќе е начнат со три одложени натпревари.

- Оглас -

Најнови вести