Фудбал нема, ама обложување има: Која е квотата дека ќе се најде вакцина за Коронавирусот во 2020?

Букмејкерите во Русија имаат поставено коефициенти за типување кога ќе биде создадена вакцина против Коронавирусот, научно наречен КОВИД-19. Според квотите, поголеми се шансите таква вакцина да се појави до 31 декември 2020 година отколку во следната 2021.

Квотата дека Светската здравствена организација ќе објави дека има вакцина пред 31 декември е 1.62 (57% веројатност), а квотата дека нема да има вакцина во 2020 година е 2.20 (43% веројатност). Ова влева оптимизам.

Кога нема фудбал, па ниту други атрактивни спортови за прогнозирање, Русите се занимаваат и со други интересни типови. Така, поставени се квоти на прашањето дали метрото во Москва ќе биде затворено барем на еден ден пред 1 јуни.

Квотата дека московското метро ќе биде затворено е 2.50 (36 проценти), а дека нема да има затворање е 1.45 (64 отсто).

Во главниот град на Русија од денеска смее да се излезе од дома само за одење на работа, до најблиската продавница, на лекар, во аптека, да фрлат ѓубре или да прошетаат домашен миленик.

 

- Оглас -

Најнови вести