Иако тренерот Зинедин Зидан, претседателот Флорентино Перес, и навивачите на Реал Мадрид, би биле посреќни ако Герет Бејл си замине од клубот за соодветна сума на пари, тоа може и да не се случи.
Бејл не сака да си оди од Реал со кој има договор. Зидан не смета на него за следната сезона, но 29-годишниот Велшанец е упорен да остане во белиот дрес.
Во една британска обложувалница, доколку денеска ставите пари оти Герет Бејл на 3 септември ќе биде член на Реал, квотата е само 1.30. Ова значи дека мали се шансите Бејл да направи трансфер, а многу пореално е да остане или да биде позајмен.
Фаворити да го привлечат Бејл се Баерн Минхен и Манчестер јунајтед (коефициент 3.00), а враќање во Тотенхем би донело добивка осум пати поголема од уплатата. Може да се обложите и дека Бејл ќе оди во Интер, Јувентус, ПСЖ, Милан, Борусија Дортмунд, или Манчестер сити. Во Англија, преодниот рок за перманентни трансфери е до 9 август, а во Шпанија до 3 септември.