Обрадовиќ овојпат не пцуеше, туку ги молеше своите кошаркари, ама пак беше џабе (Видео)

Фенербахче беше немоќен на синоќешното гостување кај Барселона, па турскиот тим загуби со убедливи 89:63. За турскиот тим ова беше дури седмиот пораз во деветото коло на Евролигата, па некогашниот европски првак само со две победи е на претпоследното место на табелата.

Со примени 89 поени, тешко е да се победи Барселона на нејзин терен, а тоа го знаеше и тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ. На еден тајмаут, Обрадовиќ најпрво почна да им вика на своите кошаркари, но потоа се обиде да ги мотивира со тоа што буквално ги молеше да почнат да играат малку одбрана.

„Извинете што така ви зборував. Може ли да ве замолам да се обидете да одиграте малку одбрана“, им рече Обрадовиќ на своите кошаркари, кои некако и не го послушаа, па Фенербахче на крајот загуби со 26 поени разлика.

https://youtu.be/b6p7T4lp8xU

 

- Оглас -

Најнови вести