Обрадовиќ по 15 години се поздрави со Гркот, а потоа го победи и тоа убедливо (Видео)

Партизан забележа многу важна победа во борба за место во Топ 10 на табелата во Евролигата, откако на гости победи против Монако со 86:69 во меч од 26 коло. Партизан водеше во речиси целиот тек од мечот. Монако имаше предност од 22:21 кога Црно-белите постигнаа 12 поени по ред и стигнаа до двоцифрена предност. Од тој момент, па до крајот на средбата, Партизан постојано водеше, а Монако немаше никакви шанси да се понадева на триумф, иако пред мечот, домаќините ја имаа улогата на фаворит.

Тоа што посебно го одбележа овој меч се случи пред почетокот на мечот, кога е стандардното поздравување меѓу двата тренери. Овојпат тоа беше нешто што се чекаше дури 15 години. Жељко Обрадовиќ како тренер на Партизан и Василис Спанулис како предводник на Монако си подадоа рака, што може да значи и помирување на овоје две кошаркарски легенди.

Обрадовиќ му беше тренер на Спанулис додека беше тренер во Панатинаикос. Во 2009 година Обрадовиќ и Спанулис дојдоа до титулата во Евролигата, а потоа се случи „предавство“ на грчкиот кошаркар. Спанулис реши да си замине од Панатинаикос и потпиша за најголемиот ривал Олимпијакос.

Поради тоа, Обрадовиќ долго време не зборува со Спанулис, а вечерва пред мечот најтрофејниот европски тренер реши куртоазно да му подаде рака и да се поздрави со некогашниот негов играч и тоа за прв пат по 15 години.

- Оглас -

Најнови вести