35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Обрадовиќ збесна – Фенербахче загуби добиен меч против Жалгирис

Жалгирис направи неверојатен подвиг и анулираше негатива од 7 поени во последните две минути за победа против Фенербахче во Истанбул со 76:79.

Григонис го нокаутираше грогираниот турски гигант со поени за победа во дуелот на некогашните европски првак. Жалгирис направи завршна серија од 10-0 за 120 секунди.

Григонис е јунакот со 19 поени, а кај Фенер кој има три порази по ред, одличен беше Нандо де Коло со 29 поени.

Валенсија ја забележа првата победа во Евролигата и сега сите екипи имаат барем по еден триумф. Шпанскиот состав вечерва беше подобар од Асвел и славеше со 81:72.

Само Дубљевиќ со 13 поени и Вивес со 10 ја минаа двоцифрената граница во поени, но Валенсија имаше дури 10 кошаркари што постигнаа поени, што беше фактор за победа против гостите од Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести