Очајна е статистиката на голгетерот: Гриезман како да залутал во Барселона

Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Хетафе со 1:0, што е прв пораз на каталонскиот гигант сезонава. Фаворизираните гости едноставно не успеаа да ја скршат дефанзивната линија на Хетафе, тим кој веќе неколку сезони игра одлично.

Најдобрата шанса за погодок на Барселона ја имаше Антоан Гриезман пред крајот на првото полувреме, но францускиот репрезентативец промаши зицер. Веднаш по мечот, Гриезман се најде на отстрел поради слабите игри во дресот на Барселона.

Статистиката покажува дека од последните 28 удари кои Гриезман ги упатил кон противничкиот гол, дури 26 биле непрецизни. Од тие 26 непрецизни удари, дури 14 биле надвор од рамките на голот, седум биле блокирани удари, а пет пати голманите одбраниле. Тоа значи дека Гризман во 28 шута успеал да даде само два гола, учинок кој е катастрофален за играч од негова класа.

- Оглас -

Најнови вести