7.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Очајно издание на Македонија во мечот на кој Војдан Стојановски испиша историја

Македонската кошаркарска репрезентација игра лошо и губи на полувреме на гостувањето кај Азербејџан со 37-44 во дуел од четвртото коло од претквалификациите за СП 2029.

Војдан Стојановски го игра својот 90-ти меч за Македонија, со што стана рекордер во историјата на националниот тим. Но, убавиот момент на капитенот засега го расипува изданието на Црвено-жолтите.

Азербејџан, кој кон крајот на ноември во Скопје беше декласиран со 38 поени разлика, поведе со 8-0 по една и пол минута игра и веднаш се виде дека не е добро. Првата четвртина домаќинот ја доби со 28-19, откако пак се одлепија во финишот по доближувањето на 16-15. Ситуацијата почна да станува критична во 14-тата минута, кога Азербејџан поведе со 36-21.

Во еден момент од втората четвртина губевме и со 18 поени разлика, но тоа беше преполовено во финишот на првото полувреме, па останува надежта дека нашите ќе заиграат многу подобро и ќе ја извојуваат планираната победа на мечот пред кој беа апсолутни фаворити.

- Оглас -

Најнови вести