Барселона загуби на гостувањето кај Монако со 2:1 во меч на кој каталонскиот гигант повеќе од 80 минути беше со играч помалку. Иако бројчано беше во подредена ситуација, ретко кој очекуваше пораз на Барселона, посебно ако се знае дека Монако во елитното натпреварување на УЕФА немаше победено на последните 14 средби што ги одигра.
Сепак, кога е Барселона противник во ЛШ, некако е полесно да се победи. Каталонскиот гигант во последните неколку сезони игра очајно во ова натпреварување, па сега го претрпе 12-тиот пораз во последните 26 меча (безмалку секој втор натпревар им е пораз).
Колку за споредба, пред да започне оваа лоша низа, Барселона имаше само 11 порази во 79 средби.
12 – #Barcelona 🔵🔴 have lost 12 of their last 26 games in the #ChampionsLeague (46.2%), one more than in their previous 79 games in the competition (13.9%). Thorn. pic.twitter.com/RLAwLj0xGF
— OptaJose (@OptaJose) September 19, 2024