Војната што се води во Украина е причина за одлуката на ЕХФ да го одложи мечот меѓу Мешков Брест и Вардар што требаше да се игра на 2 март во Лигата на шампионите.
Поради ситуацијата во тој регион, натпреварот ќе се игра во термин што дополнително треба да се одреди.
„Мечот од 13-тото коло во Лигата на шампионите што требаше да се игра на 2 март во Белорусија е одложен. Вардар планираше да патува за Белорусија во вторник, но ЕХФ нè извести да не патуваме и дека мечот е одложен. Очекуваме дополнителни информации за нов термин за дуел со Мешков Брест“, објави Вардар.
Одложени се уште два меча што Мешков Брест требаше да ги игра против ПСЖ и Барселона.