Очекувано, Македонија е фаворит против Бугарија за победа утре, во последниот меч за двете репрезентации во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.
Иако се игра само за престиж, бидејќи првото место е недостижно и за нас и за Бугарите, сепак важно е да се победи, најпрво за самодоверба, потоа и за освојување на второто место во групата што гарантира дека ќе бидеме во четвртиот шешир при ждрепката на квалификациските групи за ЕП во 2024 што ќе се одржи на 9. октомври.
Коефициентот за победа на Македонија во Sport Life е 2.05, а има уште 567 игри во понудата за дуелот што ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 20.45 часот.
За да бидеме втори во групата ни одговара и реми, бидејќи пред стартот на последното коло Македонија има 7 бода, еден повеќе од Бугарија.