Златната топка Меси не е избран за дебитант на сезоната во МЛС!

Само неколку дена откако ја доби Златната топка за најдобар фудбалер на светот, Лионел Меси заврши како второпласиран во гласањето за најдобар дебитант во МЛС-лигата.

Аргентинецот, кој имаше одлични партии во дресот на Интер Мајами, не ја доби наградата за најдобар дебитант во северноамериканската лига. Признанието оди во рацете на Гркот Јоргос Јакумакис од Атланта јунајтед.

Јакумакис, кој во Атланта дојде од Селтик, на 28 меча даде 17 гола. Меси за Мајами имаше 11 гола на 13 меча.

Јакумакис добил 45,7, а Меси 27,2 отсто од гласовите. Новинарите и клубовите му дале предност на Гркот, а од играчите малку повеќе гласови добил Меси.

- Оглас -

Најнови вести