Очекувано: Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на турнирот во Мајами

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, донесе очекувана одлука и го откажа настапот на Мастерс-турнирот во Мајами. Оваа одлука следува откако Србинот неочекувано загуби во третото коло од младиот италијански тенисер, Лука Нарди, со 2-1.

Се чини дека Ѓоковиќ е во лоша форма, па поразот од квалификантот кој на главниот турнир влезе како среќен губитник го натера на ваков потег, по кој голем број навивачи во САД ќе останат покуси за едно големо тениско задоволство.

Според информациите од тимот на Ѓоковиќ, тој започнува да се подготвува за сезоната на земјена подлога, а турнир на кој ќе настапи е оној во Монте Карло.

- Оглас -

Најнови вести