22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

„Очобол“ во Лондон: Кога виде како играат неговите миленици, реши дека мора да преземе нешто

Навивачите на Арсенал по 10 месеци дочекаа да го гледаат и да го бодрат својот омилен тим на трибините во Лондон, но дел од оние кои беа таму, зажалија што дојдоа. Арсенал го претрпе четвртиот пораз во низа на домашен терен, овојпат од Барнли, тим кој речиси 50 години не се радувал во Лондон против Топчиите.

Откако видоа колку Арсенал е немоќен против Барнли, дел од навивачите на стадионот решија на специфичен начин да се заштитат од очајната игра на домаќините. Маските кои мораа да ги носат на устата и носот за да се заштитат од корона-вирусот, некои ги ставаа на очите за да не го гледаат срамот на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести