Џака го давеше противникот, Обамејанг го даде единствениот гол, но Арсенал загуби (Видео)

Арсенал четврти пат по ред загуби на свој терен во Премиер лигата, а овојпат Барнли си замина со целиот плен. Топчиите беа големи фаворити, но работите не одеа како што посакуваа домаќините. Откако немаше погодоци во првиот дел, Гранит Џака направи инцидент во 58-мата минута, кога буквално пред судијата почна да го дави Ешли Вествуд.

Со играч помалку, Арсенал беше немоќен, а голгетерот на домаќините, Пјер-Емерик Обамејанг, во 73-тата минута си постигна автогол. Барни успеа да се одбрани до крајот и за првпат по 46 години се радуваше на победа против Арсенал во Лондон, во првенствен меч.

Во вториот вечерен дуел во Премиер лигата, Лестер лесно со 3:0 го победиј Брајтон, па сега Лисиците со 24 бода се веднаш зад водечкото дуо Тотенхем и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести