Зголемените квоти во Супер Типот на Sport Life се магнет за обложувачите, а и денеска изборот е голем, со 16 натпревари на кои има нестандардно големи коефициенти кои може да ви донесат убава добивка ако ги погодите прогнозите.
Првиот меч во понудата почнува во 18 часот, па имате и доволно време да размислите и да искомбинирате кои дуели ќе ги одберете. Ако верувате во победа на Леванте дома против Валјадолид, тогаш искористете го коефициентот што Sport Life ви го нуди во Супер типот на денот и ќе добиете поголема добивка. Одличен коефициент од 2.35 за триумф на Барди и другарите.
Примамлив е коефициентот од 2.37 за победа на Борусија Дортмунд против Борусија Менхенгладбах. Тимот од Дортмунд има серија од 12 победи по ред во меѓусебните дуели и ако продолжи, имате супер шанса за добивка.
Најголема квота е онаа за победа на Црвена ѕвезда против Барселона во пресметката од кошаркарската Евролига. Ако верувате во Ѕвезда, ви се нуди коефициент од 4.25. За победа на Барселона, квотата во Супер Типот е 1.48, што не е за занемарување ако се знае дека госите се прилично големи фаворити на хартија.
Целосната понуда може да ја проверите на сајтот на Sport Life, во делот на Специјални игри.