19.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Од АБА лигата признаа дека МЗТ бил драстично оштетен во Никшиќ

Судиската комисија при АБА лигата излезе со официјално соопштение во кое ги појасни спорните ситуации од последните две минути на натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Сутјеска (77-83), одигран синоќа во Никшиќ. Во него се наведува дека судиите направиле две грешки со кои директно влијаеле на резултатот во финишот на мечот, со што македонскиот шампион бил драстично оштетен.

„Првата ситуација се случила на 1:22 минута до крајот на последната четвртина, кога по второто слободно фрлање на играчот на Сутјеска, Милјаниќ, топката отскокнала од обрачот и сè уште имала шанса да влезе во кошот, во моментот кога играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Гил, го допрел обрачот со рака. Судиите тогаш досудија два поени за Сутјеска, но тоа било погрешна одлука, бидејќи при ваков прекршок за време на слободно фрлање треба да се додели само еден поен“, се вели во објаснувањето на судиската комисија.

Втората спорна ситуација се случила една минута пред крајот, кога играчот на Сутјеска, Тадиќ, по преземањето на топката во предниот напад, зачекорил во задниот дел на теренот додека сè уште ја држел топката. Судиите не ја санкционирале оваа очигледна повреда на правилата, што претставува уште една потврдена грешка според официјалниот извештај на Комисијата.

Сето ова е попусто бидејќи нема да ја врати победата на МЗТ Скопје Арродром, а може да значи само казна за судиската тројка што ниту од далеку нема да ја намали разочараноста во редовите на „металците“ од третманот што го добија од официјалните лица во Никшиќ.

- Оглас -

Најнови вести