Од Ајакс се плашат: Реал ќе игра со 12 играчи, судијата е „нивен“

Реал Мадрид има предност од 2-1 по првиот меч против Ајакс и вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ само рутински треба да си ја заврши работата. Европскиот првак во Амстердам го победи Ајакс, а Холанѓаните не се предаваат. Тие дури посочуваат дека Кралскиот клуб можно е да има и помош од судиите.

„Јасно е дека Ајакс ќе игра против 12-мина играчи во Мадрид“, пишуваат холандските медиуми, потенцирајќи дека судијата Феликс Брих е главниот што ќе ја дели правдата.

Реал никогаш не загубил кога му судел Германецот. Со Брих на теренот, мадридскиот гигант има шест победи и две нерешени средби. Брих му судеше на Реал и во финалето во Кардиф против Јувентус, кога најтрофејниот шпански клуб го освои големиот сребрен пехар.

- Оглас -

Најнови вести