Од деца се заедно, денеска ќе играат еден против друг – Глупавиот и поглупавиот на лондонското дерби

Мејсон Маунт и Деклан Рајс се нераздвојни другари од детството, а и двајцата стасаа до настап во репрезентацијата на Англија, но денеска ќе бидат на спротивните страни на лондонското дерби меѓу Челзи и Вест Хем.

Маунт ќе игра за Челзи, а Рајс, кој си замина пред шест години од клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе биде адут на Вест Хем.

„Се уште сме нераздвојни и тоа трае од детството. Не викаат глупавиот и поглупавиот, бидејќи секогаш сакаме да се шегуваме“, вели Маунт.

Тој дојде во Академијата на Челзи како 6-годишно момче, а Деклан се приклучи две години подоцна. Денеска за првпат ќе играат еден против друг од 16 часот на „Стемфорд Бриџ“.

„Ќе ми биде необично да играм против Мејсон. Ние сме и цимери во репрезентацијата, заедно одиме на одмори и тоа пријателство трае од времето кога растевме заедно во Академијата на Челзи“, вели Рајс.

И двајцата имаат по 20 години, а Маунт е постар за четири дена. Веќе се постојани репрезентативци на Англија, а тука Рајс е за нијанса во предност, бидејќи одигра 7 меча за „Гордиот Албион“, еден повеќе од Мејсон.

 

- Оглас -

Најнови вести