Англија и Швајцарија играат без голови по првото полувреме, во четвртфиналето на Европското првенство. Двете селекции беа орјентирани да не примат гол, па не е ни чудо што нема голови.
Веќе стана нормално за средбите од нокаут фазата на ова ЕП да нема погодоци во првиот дел. Ова е петти од последните седум средби кои се одиграа на полувреме да нема голови.
Немаше голови во првиот дел ниту на вчерашните дуели меѓу Португалија и Франција, како и на Шпанија – Германија. Со 0:0 завршија и дуелите меѓу Португалија – Словенија и Франција – Белгија, а на голови во првото полувреме се радуваа фановите само на дуелите: Австрија – Турција и Романија – Холандија.