Од Фенербахче потврдија: Елиф Елмас е нов играч на Наполи

Најголемиот македонски талент Елиф Елмас и официјално во следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи. Досегашниот тим на Елмас, турскиот Фенербахче, потврди дека Елмас си заминува од Истанбул за да го облече дресот на Наполи.

„Почитувани навивачи и поддржувачи. Сакаме да ве информираме дека постигнавме договор со Наполи за трансфер на Елиф Елмас, со што се очекува официјалната промоција. Му благодариме на Елмас и му посакуваме сè најдобро во новиот клуб. Чувај се Елиф дијаманту“, објави Фенербахче на својата интернет-страница.

https://twitter.com/Fenerbahce/status/1153412264894054400

Елмас ќе биде вториот Македонец што го има носено дресот на Наполи откако пред неколку години во тимот од југот на Италија настапуваше капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Дел од италијанските медиуми веќе му посакаа добредојде на Елмас во новиот клуб.

Денеска тој треба да ги има лекарските прегледи и да биде потпишан петгодошен договорот со Наполи. Италијанскиот клуб за трансферот на Елмас ќе плати 16 милиони евра, плус два милиони евра бонус кога Елиф ќе одигра 50 меча во италијанскиот калчолигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести